Направете едно тесто за цела недела и на тој начин заштедете пари. Откако ќе го ставите во фрижидер, може да остане до седум дена. Најдобриот дел е што можете да го користите за да направите речиси се – пица, кифлички, леб, лепчиња, крофни…
Во помал сад загрејте 400 мл млеко со две лажици шеќер. Во него додадете свеж квасец и почекајте да нарасне. Во сад ставете 1 кг обично брашно, прашокот за пециво, 200 мл течен јогурт, 3 лажици масло, 2 јајца и една лажица сол. На крајот додадете го нараснатиот квасец.
Кога ќе измешате се’ и ќе го направите тестото, ставете го во сад подмачкан со масло, покријте го и чувајте го во фрижидер. Пред употреба, извадете го тестото на собна температура.
За пица земете тесто онолку колку што ви треба, па развлечете го и одозгора по желба. Ако сакате да направите кифлички, тестото поделете го на два дела и секое расукајте го во кружна форма и исечете го на осум дела.



GIPHY App Key not set. Please check settings