in

МАФИНИ со ЧОКОЛАДА и инстант КАФЕ! Задоволство кое не се пропушта!

Овој рецепт е многу едноставен. Се’ што ви треба е процесор за храна и вилушка (или жица за матење) и состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна… Уживајте!

280 гр брашно
80 гр какао во прав
две и пол лажички прашок за пециво
половина лажичка сода бикарбона
малку сол
250 гр шеќер
две јајца
300 мл млеко
55 гр стопен путер
60 мл масло
две лажички инстант кафе
екстракт од ванила
шолја сечкано чоколадо

Подготовка:

Измешајте брашно, какао, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, кафе и шеќер. Во друг сад изматете ги јајцата, млекото, маслото и ванилата. Измешајте ги двете смеси, додадете ситно сечкана чоколада, па истурете во подмачкани калапи за мафини. Се пече во рерна на 180 степени околу 20-25 минути, се лади и се сервира.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Направете чај за слабеење, конзумирајте го 7 дена и уживајте во резултатот

Лековитите својства на вареното вино