Љубовта понекогаш се појавува во најнеочекуваните моменти, што го потврдуваат 88-годишната Жан Овен и 97-годишниот Роберт Торп. По тридецениско пријателство, тие решија да направат нов чекор во животот и тајно да стапат во брак.
Првично само семејни пријатели, со текот на времето нивниот однос прераснал во љубовна врска, особено за време на пандемијата, кога двајцата ги загубиле своите поранешни партнери.
Тие избрале да избегнат голема свадба и наместо тоа, отпатувале од Лондон до Гретна Грин во Шкотска, каде се венчаа во интимна церемонија. Специјално е што венчавката се одржала на 97-от роденден на Роберт.
По церемонијата, младенците танцуваа заедно под познатата арка во Гретна Грин, место кое сега со години се поврзува со љубов и среќа за младите парови.
Нивната одлука да се венчаат останала тајна, па семејството дознало за свадбата дури по завршувањето на церемонијата.
Приказната на Жан и Роберт е убав пример дека за нов почеток никогаш не е прекасно и дека љубовта може да не изненади во било кој момент од животот.

