Заштедете стар леб и со помош на овој рецепт ќе имате едноставно и евтино уживање.
Состојки:
500 гр бајат леб
300 мл млеко
100 гр суво грозје
100 гр сечкани ореви
200 мл слатка павлака
3 јајца
5 лажици шеќер
1 кесичка цимет
Подготовка:
Исечете го лебот на парчиња. Измешајте суво грозје, ореви, шеќер и цимет. На дното на плехот наредете еден ред парчиња леб, прелијте со половина од млекото, намачкајте половина од смесата од ореви и суво грозје. Одозгора повторно ред леб, истурете го остатокот од млекото и преостанатата смеса распоредете ја со суво грозје. Оставете 15-20 минути лебот да го впие млекото.
Јајцата се матат и се мешаат со слатката павлака и се прелева со питата . Се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека врвот не порумени.
Посипете со шеќер во прав за декорација и подобар вкус.



GIPHY App Key not set. Please check settings