in

Нови правила за боледување – контроли на адресите на пациентите и ограничување на времето на боледување!

Фондот за здравствено осигурување предлага новини во користењето на боледувањето. Според новите правила, матичните лекари ќе можат да издаваат боледување за период од најмногу пет дена, наместо досегашните седум.

Таков предлог вклучува и воведување на дополнителни контроли за пациенти кои користат боледување. Контролорите можат да проверуваат на адресите на пациентите за да видат дали се наоѓаат таму.

Проверките ќе се извршуваат по случаен избор, но и на основа на пријава од работодавачот. Ако контролорот не го пронајде пациентот на адресата, тој ќе добие известување да се појави пред лекарска комисија и да објасни зошто не бил достапен.

Во таков случај, работодавачот исто така ќе биде информиран.

Од ФЗО потврдуваат дека целта на овие измени е да се намалат злоупотребите на боледувањето и да се подобри контролата врз неговото користење.

Предлогот ќе биде разгледан од Управниот одбор на ФЗО и по одобрување, ќе треба да добие согласност од Министерството за здравство пред да започне да важи.

Во пакетот на предлози, се опфатени и рецептите издадени од дежурните служби, кои наместо досегашната важност до полноќ, ќе важат 24 часа од моментот на издавање.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Хималаите исчезнуваат со загрижувачка брзина, опасност за милиони и индиската економија!