Најлесен рецепт за посна мешавина од палачинки.
Палачинките се омилен деликатес на сите генерации, а за нивната подготовка не се потребни скапи состојки. Можат да бидат солени и слатки, а бидејќи Велигденскиот пост е во тек, научете како да ја подготвите брзата верзија. Воопшто не е комплицирано, процедурата е иста како кај обичните, единствено нема јајца ни млеко. Уживајте во вкусот на совршено и евтино задоволство, а намазите можете да ги користите по желба.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 500 мл кисела вода
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1/2 кесичка сода бикарбона
- 50 мл масло
- прстофат сол
За полнење можете да користите:
- ореви
- џем
- шеќер
- посен евро крем
Подготовка:
Измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво и сода бикарбоната, па додадете масло, кисела вода и сол. Изматете ги состојките. Тавата премачкајте ја со масло, а потоа прелијте ја со лажичка од смесата и убаво распоредете ја. Пржете од едната и од другата страна и така правете додека не ја потрошите целата смеса. Можете да ги посипете со мелени ореви, шеќер или да ги премачкате со џем, посен еурокрем…


