in

Три рецепти за леб без глутен

Од различни причини, некои луѓе можеби не можат или не сакаат да консумираат храна што содржи глутен. Затоа ви нудиме 3 рецепти за правење леб без глутен дома, брзо и лесно.

Рецепт број 1

Потребни производи:

  • 3 јајца,
  • 1 лажица сол,
  • половина лажица шеќер
  • половина чаша суво млеко од соја,
  • 3 лажици прашок за пециво (без глутен) 

Начин на подготовка:

Најпрво ставете ги јајцата во поголем сад и изматете ги додека не се запенат. Додадете го прашокот за пециво и повторно изматете. Потоа додадете го млекото од соја во прав и продолжете со матење. Додадете ги солта и шеќерот и измешајте последен пат на средна брзина.

Потоа, со помош на голема лажица или лажичка, одвојте малку од добиеното тесто и направете го во топчиња. Ставете ги на претходно набрашнет плех. На крајот ставете во рерна на околу 180 степени. Оставете ги да се печат додека не поруменат. Потоа извадете ги од рерна, оставете ги да се изладат и послужете.

Можете да комбинирате со различен зеленчук и грицки.

Рецепт број 2

Потребни производи:

  • 2 јајца,
  • половина чаша пченкарен скроб,
  • 1 лажица сода бикарбона,
  • четвртина чаша маслиново масло,
  • 1 шолја оризова павлака за готвење,
  • половина чаша млеко од соја,
  • 4 лажици рендан кокос,
  • 2 лажици прашок за пециво (без глутен)

Рецепт број 2

Потребни производи:

  • 2 јајца,
  • половина чаша пченкарен скроб,
  • 1 лажица сода бикарбона,
  • четвртина чаша маслиново масло,
  • 1 шолја оризова павлака за готвење,
  • половина чаша млеко од соја,
  • 4 лажици рендан кокос,
  • 2 лажици прашок за пециво (без глутен)

Рецепт број 3

Потребни производи:

  • половина лажица сол,
  • 2 лажици пченкарен скроб,
  • 2 лажици вода,
  • 1 лажица шеќер,
  • 2 лажици рендан кокос,
  • 3 супени лажици маслиново масло,
  • четвртина шолја бадемово млеко,
  • 3 супени лажици мелени бадеми,
  • 3 лажици мелени семки од сончоглед

Начин на подготовка:

Најпрво во поголем сад ставете ги бадемите и мелените семки од сончоглед. Потоа во истиот сад додадете ги ренданиот кокос, шеќерот и солта. Добро измешајте да се соединат состојките. Потоа додадете го бадемовото млеко, пченкарниот скроб, лажиците вода и маслиновото масло.

Мешајте со миксер на средна брзина. На крај, од добиеното тесто направете топчиња и ставете ги во набрашнет плех. Печете на околу 190 степени и оставете ги лебовите да нараснат и да добијат златен тен. Потоа извадете и послужете.

Сега знаете како да направите леб без глутен. Не заборавајте да ги комбинирате лепчињата со најразлични производи за максимално да уживате во вкусните рецепти.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Невроните во нашиот мозок реагираат на слики од храна

Во Колумбија 16.000 музичари и пејачи поставија рекорд за најголем концерт