in

ВАКА СЕ ПРАВИ ГИБАНИЦА КАКО НАШИТЕ БАБИ: 1 СОСТОЈКА и’ дава МЕКОСТ, ПОДОБАР РЕЦЕПТ нема

Појадок, ручек или вечера. Не е важно во кое време од денот го јадете бидејќи неговиот вкус е неверојатен.

Сите го сакаат, а домаќинките сакаат да го подготвуваат.

Еве еден рецепт за мека гибаница.

Состојки:

500 гр кора за гибаница

250 гр сирење

2 јајца

100 мл јогурт

150 мл кисела вода

50 мл масло

1 лажица масло

1/2 чаша вода

Подготовка:

Јајцата се матат, се додаваат сирењето, јогуртот (кој ќе даде посебна мекост и сочен вкус) и маслото, се’ убаво се меша. Додадете кисела вода. Во половина шолја вода ставете 1 лажица масло, промешајте. Со ова премачкајте ги првите две и последните две кори.

Тавата покријте ја со хартија за печење или премачкајте ја со масло. Ставете една кора, попрскајте ја со мешавина од вода и масло, ставете ја втората кора, повторно малку вода и масло. Двете кори стуткајте ги, потопете ги во филот и ставете ги во тавчето, една до друга. Одозгора се става кората, краевите да не излезат од тавата. Потоа повторно две кори потопете ги во филот и една одозгора и така додека не се потрошат сите состојки. Завршете со две суви кори, премачкајте ги со мешавина од вода и масло.

Се пече околу 40 минути во рерна загреана на 200 степени. За време на печењето намалете ја температурата (на 150 степени).

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Џон Клиз снима продолжение на „Фаличен пансион“

ЛЕКАРИТЕ НЕ’ ПРЕДУПРЕДУВААТ! Оваа храна најмногу го оштетува нашиот имунитет