Во Германија е намалена продажбата на електрични автомобили, а вкупниот број на продадени нови автомобили исто така е во благ пад. Околу 29.700 нови лични електрични автомобили се регистрирани во мај, објави германската Федерална управа за моторен транспорт (КБА).
Тоа е за 30,6 отсто помалку отколку во истиот месец минатата година и приближно исто како и во април 2024 година.
Во Германија минатиот месец се продадени 236.425 нови автомобили, што е пад од 4,3 отсто во однос на истиот месец лани. Електричните автомобили имаа удел од 12,6 отсто, што е намалување од 17,3 отсто една година порано.
Најголем удел имаа автомобилите на бензин, 37,9 отсто. На второ место се хибридните возила (24,3 проценти), а потоа следат автомобилите со дизел-мотор (19 проценти).
На крајот на минатата година, германската влада ги откажа стимулациите за купување електрични возила, што предизвика пад на побарувачката на почетокот на оваа година.
Иако трендот на пораст беше евидентен во февруари и март 2024 година, овој мини-бум престана во април и мај 2024 година.



GIPHY App Key not set. Please check settings