Веројатно ви се случило да го отворите фрижидерот и додека се прашувате што да јадете, да наидете на некоја храна со рок на траење.
Некои намирници имаат подолг рок на траење и обично се означени со датумот најдобар пред. Овие намирници се безбедни за јадење дури и по наведениот датум и не треба да се фрлаат веднаш штом ќе помине наведениот ден. Таква храна се, на пример: шеќер, сол, чоколадо, брашно, бел ориз, кафе.
Сепак, има храна која треба да ја фрлиме веднаш штом ќе видиме дека датумот наведен на етикетата поминал. Таква храна се свежо млеко, месо, риба, сирење. Тие навистина можат да ни наштетат ако ги консумираме надвор од нивниот рок на траење.
Денеска за вас подготвивме листа од 9 намирници кои треба веднаш да ги фрлите доколку им истече рокот.
Производи од сушено месо
Овој вид филети, кои ги добиваме од „топлиот“ излог на супермаркетот, исечени и завиткани во хартија, обично траат од три до пет дена. Потоа треба да ги фрлиме. Овој вид на месо може да содржи опасни бактерии како листерија, која сака ниски температури и може да предизвика треска, дијареа, болки во мускулите и сериозни компликации кај трудниците.
Јајца
Јајцата се многу вредни за нашето здравје и се одлична идеја за појадок која ќе ни обезбеди протеини и витамини за да го започнеме денот. Јајцата треба да се отфрлат две недели по купувањето.
Млечни производи
Млечните производи се поволна средина за развој на опасните бактерии. Посебно внимание треба да посветиме на свежото млеко, во кое брзо може да се развие ешерихија коли – опасна бактерија која може многу да му наштети на нашето здравје. Млекото мора да го фрлиме најдоцна после една недела или кога ќе забележиме промена на неговата боја или мирис.
Лиснат зеленчук
Марулата и свежата зелка треба да се исфрлат по три дена. Ако на нив се појави слуз, тоа значи дека се појавиле опасни бактерии. Во овој случај, не треба да ја фрлате целата зелена салата или зелка, туку само оштетените листови. Остатокот убаво измијте го и консумирајте го без грижа.
Мајонез, сенф, кечап
Добра идеја е да внимавате на датумот на истекување на нашите омилени сосови и да ги фрлите веднаш штом ќе истечат. Овие сосови обично имаат долг рок на траење, но најдобро е да не ги консумирате откако ќе им истече рокот. Доколку забележите промена во нивната боја или текстура, не двоумете се да ги фрлите.
Маслинки
Маслинките може да се чуваат повеќе од една година доколку се неотворени. Отворените маслинки може да се чуваат најмногу две недели. Најдобро е да купите стаклени тегли во кои ќе ги чувате и ќе им го продолжите рокот на траење.
Кисели краставички
Неотворените кисели краставички може да траат и до една година во оставата, чајната кујна. По отворањето, сепак, треба да ги јадете што е можно поскоро, бидејќи тие претставуваат поволна средина за развој на бактерии кои можат да предизвикаат сериозни дигестивни нарушувања.
Свежи бобинки
Свежите бобинки се супер здрави и полни со антиоксиданси, но можат брзо да се расипат. Затоа обидете се да ги јадете во рок од три дена. Овие плодови можат брзо да развијат мувла, што е многу опасно за човечкото тело. За да избегнете фрлање, измијте го и замрзнете го овошјето.
Природни сокови
Освен ако сокот не е пастеризиран, треба да го фрлите два дена по отворањето. Соковите кои се дистрибуираат во трговски ланци имаат малку подолг рок на траење, но најдобро е да ги консумирате во рок од една недела.



GIPHY App Key not set. Please check settings