Лесно за подготовка и многу вкусно италијанско јадење, ќе ги задоволи и најпребирливите непца… Уживајте!
Состојки:
450 гр мешано мелено месо
2 парчиња леб
малку млеко
јајце
сол, малку бибер
магдонос
2 мали кромитчиња
маслиново масло
240 гр сок од домати
2 чешниња лук
босилек
100 гр пармезан
50 гр кафеав шеќер
Подготовка:
Измешајте ги месото, лебот натопен во млеко и исцеден, сол, бибер, сечканиот магдонос и пржениот кромид. Обликувајте колачиња (топчиња), кратко пропржете во тава и оставете ги на страна. Пропржете го остатокот од кромидот, додадете лук, сок од домати, кафеав шеќер, сол и бибер. Кога сосот ќе зоврие додадете малку млеко, свеж босилек и кратко проварете. Истурете го сосот во садот за печење и ставете ги ќофтињата. На секој се става по малку пармезан и се пече на 180 степени додека кашкавалот не порумени.



GIPHY App Key not set. Please check settings