in

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА ПЕРЕЊЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО ЗИМА? Одговорот ќе изненади многумина, а еве на што треба да обрнете посебно внимание

Дали некогаш сте се запрашале дали треба поретко да го миете автомобилот во зима или дури и да го избегнувате? Мислењата за ова се различни – од добронамерни препораки што почесто да ја посетувате пералната за автомобили до совети да ги избегнувате бидејќи може да го оштетите вашето возило.

Според советите на германската ADAC , најголемата европска авто-мото асоцијација, во зимските месеци автомобилот треба да се пере толку често како и во лето. Значи, измијте го според сопствената перцепција за чистотата, односно кога ќе почувствувате дека е време за миење.

Иако постои теза дека автомобилот е повеќе склон на корозија поради влажните коловози и солта во зима, тоа е точно само во случај на претходно оштетени делови. Новите и добро сочувани автомобили ги одбиваат нападите на нечистотија без никакви проблеми.

Меѓутоа, дали постои опасност при перење на автомобил во зима? Одговорот е дека има, особено при екстремни температури од минус 10 и пониски бидејќи тогаш топлата вода доаѓа во допир со делови од автомобилот кои штотуку биле изложени на замрзнат студ.

Иако гумените и пластичните делови нема да бидат оштетени, може да настрадаат претходно оштетените или обоените обоени површини.

Завршна забелешка – пред да влезете во перална, отстранете ги сите остатоци од снег и мраз бидејќи четките можат да ги повлечат како шкурка над каросеријата на автомобилот и да предизвикаат видливи оштетувања.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

За сите љубители на чоколадо: Рецепт за брза и евтина торта подготвена за половина час

Имате ладни стапала? Лекарите откриваат пет болести кои може да го предизвикаат тоа