in

Денеска се одбележува Спомен на погубувањето на Свети Јован Крстител!

Православните христијани на 11 септември го слават празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, кој е посветен на погубувањето на последниот пророк од Старозаветниот период. Во народот, овој празник е познат и под имената Свети Јован Сечиглав, Sveti Јован Отсечен и Свети Јован Опсечен. Овој ден се смета за време на строг пост.

Свети Јован го добил надимакот Крстител бидејќи го крстил Исус Христос во реката Јордан, а е познат и како Претеча поради тоа што ги најавувал доаѓањето на Спасителот. Тој отворено го критикувал неморалот и беззаконието, особено во однесувањето на Ирод Антипа, кој ја оставил својата законска сопруга за да се венча со Иродијада, жената на својот брат Филип. Поради своето мото на вистината, Јован бил затворен. На една прослава по повод роденденот на Ирод, неговата поќерка Саломија, под влијание на мајка ѝ, побарала главата на Свети Јован Крстител, а Ирод ја исполнил таа желба, што довело до неговото погубување во затворот. Неговите ученици го погребале телото, додека главата била тајно закопана и подоцна повторно пронајдена и пренесена.

Иако погубувањето на Свети Јован се случило пред Пасха, празникот се прославува на 11 септември или 29 август според стариот календар, затоа што на овој ден била осветена црквата изградена над неговиот гроб во Севастија од царот Константин и царицата Елена.

Во македонската традиција, празникот се одбележува со строг пост и различни народни обичаи. Во некои региони, се избегнуваат производи со црвена боја, како лубеници, домати и црвено грозје, поради нивната симболика поврзана со крвта на овој светител.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Горгонзолата: Од селско сирење до светски познат деликатес со историја од 879 година

Балканското полуфинале на TOP MODEL EUROPE ќе се одржи во Скопје на 19 октомври!