Крофните од рерна се помалку мрсна опција, а вкусни се и класичните.
Состојки:
– 500 гр брашно
– 20 гр свеж квасец
– 3 лажици шеќер
– 1/3 лажица сол
– 200 мл топло млеко
– еден ванилин шеќер
– 2 жолчки
-100 гр растопен путер
– мармалад или чоколаден намаз за фил
– жолчки за премачкување
– шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Скршете коцка квасец во 100 мл топло млеко и додадете една лажичка шеќер, па оставете го квасецот да нарасне.
Во поголем сад се додава брашното, се прави мало вдлабнување и се става нараснатиот квасец, шеќерот, ванилиниот шеќер, жолчките, солта и постепено се прелива во течниот дел од смесата (останатите 100 мл топло млеко и растопениот путер). Нежно измешајте сè заедно.
Најдобро е тестото прво да се обработи со спиралните приклучоци на миксер додека не почне да се одвојува од садот, а потоа продолжете со месење со рацете на работната површина.
Кога под прстите ќе почувствувате дека тестото е компактно, оставете го да одмори и да нарасне еден час.
Откако ќе нарасне, замесете го тестото, расукајте го и исечете го на 12 дела кои ќе ги обликувате во мали топчиња, па од дното или од страните наполнете со мармалад или чоколадо. Користете шприц со најмалата млазница за полнење.
Подготвените топчиња ставете ги на тавче обложено со хартија за печење и секое малку израмнете го за да добие форма на крофна. Покријте ги и оставете ги да одморат 40 минути.
Кога ќе нараснат крофните, премачкајте ги со жолчка и ставете ги во рерна загреана на 180 степени 15 до 20 минути, додека не поруменат.
Кога ќе се испечат крофните посипете ги со шеќер во прав.



GIPHY App Key not set. Please check settings