in

Ролат од јагоди: Засладете ги празниците со совршен освежителен десерт

Овошен и освежителен!

Пролетта е вистинско време за уживање во кремасти и овошни деликатеси. Бидејќи сме во празнична сезона , сигурни сме дека ви требаат повеќе идеи за слатки задоволства за семејството, пријателите и гостите. Овој рецепт е совршен избор поради неговата лесна подготовка и совршениот вкус.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 300 мл слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 300 гр јагоди
  • 1 кесичка шлаг
  • 100 мл млеко
  • уште 100 гр јагоди за декорација

Подготовка:

Најпрво ќе ги матите јајцата со шеќер додека не станат пени. Во него додавате масло и брашно за да се соедини се, а важно е масата да остане воздушна. Истурете ја смесата во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Се пече на 180 степени околу 15 минути.

Кога ќе завршите со печењето, префрлете го пандишпанот на влажна кујнска крпа, завиткајте го и оставете го да се излади . Потоа ќе ги изматите павлаката и шеќерот. Исто така, ситно исечкајте 300 грама јагоди, па соединете ги со павлаката и шеќерот.

Овој фил намачкајте го до сега изладениот бисквит, па повторно свиткајте го во виткање. На крајот има шлаг што го матите со млеко за декорација, ако така ви се допаѓа. И додадете јагоди за сладок финиш.

Ролатот потоа оди во фрижидер малку да се излади и наскоро ќе биде подготвен за послужување.

Пријатно!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Обрнете внимание: Со овие симптоми, вашето тело ве предупредува на недостаток на вода

Дукати има нов план