Потребно е:
1 кг компири
1 главица кромид
1 среден морков
3-4 чешниња лук
3 варени јајца
зачини: сув билен зачин, бибер, мелена пиперка, оригано
3 лажици масло
За прелив:
2 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша млеко (200 ml)
И уште:
1 лажица палента
малку сусам
малку тврдо сирење по ваш избор
Подготовка:
Излупете ги компирите и изрендајте ги. Над компирот додадете рендан кромид и морков, сечканиот лук и ренданите тврдо варени јајца. Зачинете, па промешајте. Додадете го маслото и повторно измешајте.
За прелив:
Јајцата се матат, се додаваат јогуртот и млекото, па се меша.
Смесата со компири истурете ја во огноотпорен сад, убаво распоредете ја и покријте ја со смесата. Посипете со палента и сусам. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. На крај изрендајте малку сирење одозгора.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings