Минатата година на европскиот пазар се регистрирани 11,3 милиони нови автомобили, што е најниска бројка од 1985 година. Промени има и на врвот на најпродаваните модели, а тронот го презеде Peugeot 208 од Volkswagen Golf.
Кога ќе се спореди бројот на продадени автомобили со претпандемиската 2019 година, се бележи големо намалување од дури 29 проценти. Со продадени 11,3 милиони единици, пазарот на автомобили е на најниско ниво од 1985 година.
Најпопуларен автомобил во Европа во 2022 година беше Peugeot 208, кој по 14 години го симна од тронот традиционално најбараниот модел – Volkswagen Golf.
Интересно е што Голфот не падна на второто, туку на петтото место. Зад урбаното Peugeot стои романската Dacia, поточно моделот Sandero, кој во текот на 12 месеци успеа да го најде патот до 200.000 клиенти.
Боите на Volkswagen успешно ги бранеше T-Roc, кој ја заврши 2022 година меѓу трите најпродавани модели. Во топ 10 по продажба се и Fiat 500, Toyota Yaris, Opel Corsa, Hyundai Tucson, Dacia Duster како и Renault Clio, кои доживеаја непријатен пад на продажбата од дури 27 отсто во однос на 2021 година.

Што се однесува до брендовите, првото место го зазеде Фолксваген, потоа Тојота, како и две германски премиум марки – Мерцедес и БМВ.

Зголемената продажба на електрични автомобили доведе до поголемо присуство на брендот Tesla на европскиот пазар. Американската компанија имаше пазарен удел од 1,43% во 2021 година, додека минатата година таа бројка скокна на 2,06%, што значи дека Tesla продаде повеќе автомобили од Suzuki, Seat и Mini.



GIPHY App Key not set. Please check settings